ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОД ДЕНЕС ПОЧНУВА ДА ТЕСТИРА ВАКЦИНА ЗА КОРОНАВИРУСОТ

ЛОНДОН (Еуроњуз) – Велика Британија ќе започне истражување на потенцијална вакцина за коронавирусот врз луѓе.

Информацијата ја сподели министерот за здравство Мет Ханкок. Според него, вакцината е развиена на Универзитетот во Оксфорд, а се очекува да биде со 80% успешност.

Тестирањето на вакцината би требало да започне денес.  Британскиот министер за здравство, на прес конференцијата, нагласил дека во нормални услови, фазите на целата процедура,  би траеле со години.

Во светот моментално, над 30 компании  се натпреваруваат да развијат вакцина за корона вирусот, од кој починаа над десетици илјади луѓе. Неколку научници ширум светот, во заедничка изјава објавена од СЗО, открија дека работат на пронаоѓање на вакцина, но процесот може да потрае.

Извор: Euronews.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap