КАТАЛОНИЈА СО РИГОРОЗНА НАРЕДБА ЗА НОСЕЊЕ МАСКИ ВО СЕКОЈА СИТУАЦИЈА

Шпанскиот регион Каталонија стана првиот кој ја прошири националната директива за носење маски во јавноста, како задолжителна опција на сите растојанија. Официјалните лица велат дека овој потег  е резултат на недисциплина во поглед на носењето маски.

 

Наредбата за задолжително носење маски за лице, стапи на сила во североисточниот регион Каталонија во Шпанија од четвртокот 09.07.2020. Сите кои нема да ја почитуваат наредбата ќе бидат санкционирани со казни од 100 евра (113 американски долари).

 

Наредбата е објавена во средата, четири дена откако над 200,000 луѓе во областа Сегрија беа ставени во карантин, по растот на заразени од коронавирусот.

 

Маските се задолжителни низ цела Шпанија во заеднички простории и на отворено, како и кога не можe да се одржи дистанца од 1,5 метри физичко растојание. Каталонија е првиот регион каде носењето маски е задолжително во сите ситуации, без оглед на оддалеченоста.

 

Извор: DW.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap