THE SAKER – СЛЕПА ЛОЈАЛНОСТ – ПРИКАЖАНА КАКО ПРКОС

The Saker of the Vineyard е блог на пензиониран офицер од Црвениот крст на Швајцарија, кој живее во Флорида и ја брани Русија од енигматската империја. Сакер стана франшиза за меѓународна мрежа на про-Кремљ собири, со филијали во Германија, Италија, Латинска Америка и Русија. Сакер е еден вид сокол, ендемичен на степите на Евроазија. Името на блогот е анаграм на името на блогерот.

Сакер ги поврзува руските националистички групи и места со северно-американските антисемитски групи; на пр. Руски комунисти со француски и италијански десничарски активисти, или христијаните со агресивни силеџии. Тоа е успешна франшиза во светот на дезинформацијата.

Што е Сакер? Да започнеме со оригиналната верзија на страницата на англиски јазик. Регистриран е на Исланд. Блогот започна како скромна страница на Blogspot во 2007 година и полека се разви во меѓународен бренд. Ознаката на страницата е „Запрете ја војната на Империјата врз Русија“. Авторот се опишува себеси со овие зборови: „Непочитување на социјалните догми и норми, се спротивставува и пркоси кон авторитетот, бунтовник и агресивен по природа, длабоко контрадикторен, либерален.“

Сакер звучи како навистина импресивен човек; со интегритет. „Пркосен кон авторитетот“. Леле. Кој не би сакал да биде како Сакер? Само што, неговиот пркос, за жал, е многу едностран. Тој посветено се усогласува себеси со сè што вели Кремљ. Како на пр. дека Нацистите управуваат со Украина, или дека Балтичките држави се агресивни, или дека Русија носи мир во Сирија. Практично, што и да вели Кремљ, се повторува, верно, од страна на Сакер: МХ17, Скрипал – дури и наративот за Евровизија се раскажува во стил на  Кремљ.

Империја на злото

Вистинскиот непријател на Сакер е „Империјата“. Ознаката на блогот на Сакер е „Запрете ја војната на Империјата врз Русија“. И тоа не е било која стара империја – туку Англо-ционистичката империја. Сакер детално образложува: „Империјата на САД е управувана од страна на 1% (или помалку) елита која може да се нарече „длабока држава“ која е составена од две главни групи: Англичани и Евреи. Овие две групи на многу начини се непријателски настроени едни кон други (исто како СС и СА или Троцкисти и Сталинисти), но тие имаат неколку заеднички работи; 1) расистички поглед кон остатокот од човештвото 2) месијанска идеологија 3) склоност за насилство 4 ) опсесија со пари и алчност и нејзината моќ да се расипат. Така тие соработуваат тие скоро цело време.“

Сакер има подготвен одговор на сите што сугерираат дека горенаведеното тврдење е расистичко и антисемитско, на што тој вели: „Не ми е гајле“.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap